Кејт се сликаше топлес, Хари се лечеше од зависност: Сите кралски скандали
Иако понекогаш се создава впечаток дека Меган Маркл е таа која внесе немир во кралското семејство, ни друите членови не се помалку виновни за тоа.
Во текот на годините, англискиот кралски дворец го потресуваа разни скандали, а голотијата, секс аферите, разводите и измамите се само дел од нив. Светските медиуми издвоија девет скандали на кои јавноста се уште се сеќава.
Хари на 16 годишна возраст поради зависност од марихуана заврши на лечење
Само неколку од нив се врзуваат за принцот Хари. На 16 годишна возраст поради зависност од марихуана заврши на лечење, а една година подоцна е снимен како носи нацистичка униформа. Принцезата Марагет во седумдесетите години се разведе од својот сопруг Енотни Армстронг- Џонс кој беше прв развод во кралското семејство по Хенрик осми. Третиот скандал исто така се врзува за Хари. Тој на една забава во Лас Вегас се појави сосема гол, а само неколку дена подоцна осамна на насловните страници на светските медиуми.
Чарлс, кој тогаш беше во бреак со принцезата Дајана, на Камила ѝ порача дека сака да биде еден од нејзините тампони
Марк Филипс, сопругот на принцезата Ана, доби дете со една учителка од Нов Зеланд. Таа одлучи да го задржи детето, но следеше кралски развод. Чарлс и Камила нижеа афери на крајот на осумдесетите. Во 1989 година, јавноста знаеше за еден нивен телефонски разговор во кој Чарлс, кој тогаш беше во бреак со принцезата Дајана, на Камила ѝ порача дека сака да биде еден од нејзините тампони.
Сара Фергусон, војвотката од Јорк, папараците во 1992 година ја уловија на плажа со љубовникот кој во тој момент ѝ ги цицал палците од нозете.
Кејт се прослави со своите фотографии во топлес кои во јавноста протекоа во 2012 година
Скандалите не ја заобиколија ниту Кејт Мидлтон. Таа се прослави со своите фотографии во топлес кои во јавноста протекоа во 2012 година. Само неколку години подоцна, Вилијам е виден како страстно танцува со една манекенка. Ниту принцезата Ана не беше поштедена. Таа доби казнена пријава откако нејзините кучиња нападнаа две деца.