Ќе умрев во бременоста: Сурогат мајка го носи четвртото дете на Кардашијан

Добивај вести на Viber

 Ким Кардашијан и Кање Вест го очекуваат своето четврто дете, пишува магазинот „Пипл“. Нивната најмала ќерка овие денови ќе наполни една година.

Како и ќерката Чикаго, и ова бебе на свет наводно ќе го донесе истата сурогат мајка, која ја роди и Чикаго.

Ким претходно изјави дека би сакала да има четири деца. Кање е сепак поголем оптимист од неа и рече дека нема да запре додека не му се исполни желбата да има седум деца.

Во текот на првите два пати кога беше бремена, со петгодишната Норт и со тригодишниот Сеинт, Ким беше во тешка здравствена состојба и во еден момент беше животно загрозена. 

„За малку ќе умрев додека бев бремена. Беше тоа тежок период за нас. Затоа, за третото дете се решивме за сурогат мајка“, изјавила американската ТВ ѕвезда. Од истата причина и сега, за четвртото дете, според „Пипл“  се решиле за истата личност. Со оглед на необичните имиња на трите деца, фановите на двојката се прашуаат како ли ќе се вика следното дете на двојката.