,

Ќе ви го стопли срцето со реакцијата: Девојче со Даунов синдром доби кукла која личи на неа (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Нема ништо поубаво од оваа искрена детска радост!

На ТикТок профилот Дневната доза на насмевки, мама Кимберли секој ден објавува видеа од нејзината ќерка Олив, во надеж дека ќе му донесе малку позитивност на светот. Нејзините видеа ја покажуваат љубовта што ја носат децата со Даунов синдром и испраќаат важна порака за нивното прифаќање и нормализирање на таа состојба.

Родителите на оваа симпатично девојче ѝ подарија кукла која изгледа  како неа за нејзиниот втор роденден. Кога ја отвори кутијата и го виде подарокот, реакцијата на Олив беше непроценлива.

ВИДЕО:


„Олив е совршена за нас. Ние не го гледаме Дауновиот синдром како нејзина мана. Ја гледаме само како Олив", вели Кимберли, одговарајќи на луѓето кои сметаат дека е веројатно тешко да се има дете со Даунов синдром.

Куклата што ја доби девојчето е всушност дел од збирката инклузивни кукли. 

А девојчето се гледа дека е воодушевено од подарокот!
„Секоја личност со Даунов синдром е важна и може да успее во животот со поддршка и соодветна грижа. Треба да се бориме за нив и да се осигураме дека ќе се чувствуваат вклучени во општеството, сакани и заштитени."

извор:yumama.com

Поврзани вести:

Свекрвата ми рече да ги оставам во породилиштето: Сара роди близначки со Даунов синдром, добиваше хорор совети, но денес трите херојски се борат

Мирјана Петковска: Ќерка ми со Даунов сидром на 13 години им плетеше чеиз на невестите, а сега прави накит и чанти

Кога дознав дека Лазар има Даунов синдром следеа сомнежи, непроспиени ноќи и куп прашања: Приказната на Тања ќе допре до секој од вас