Актуелно // Insta вести
Ќерката на Елена Петреска слави роденден во Белгија: Софија во нежно фустанче како принцеза (ФОТО)
Иако во последно време е послабо активна на поп-сцената, музиката е и понатаму дел од нејзиниот живот, а Елена Петреска е активна од друга страна на социјалните мрежи.
Викендов славеше роденден на ќерката Софија, која ја има од хармоничниот брак со сопругот Андреј Толевски. Славеничката носеше нежен бел фустан додека држеше балонче со маче, во Белгија.
- Среќен роденден моја љубов засекогаш. Те сакам бескрајно - напиша пејачката, која на почетокот на август славеше роденден во Париз.
Тие се родители и на Михаел и на Софија, а Елена еднаш кажа дека ничиј живот нѐ е мазен ниту совршен колку и да изгледа така. Во една прилика за Женски магазин таа ја раскажа нејзината животна приказна која може да ја прочитате тука.