Ќерките на Франц од Нокаут по стапките на тато: Малите убавици тропаат на тапани (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Музичарот Владимир Крстевски-Франц и неговата сопруга Ема се родители на две ќеркички, Мелоди и Мона

Двете убавици тргнаа по стапките на тато, односно судејќи по новообјавените фотографии двете се вљубенички во музиката. Франц објави како двете со целосна опрема тропаат на тапани и напиша „Грувот е во срцето.“


Инаку популарниот музичар и поранешен гитарист на „Нокаут“ е веќе нешто повеќе од девет години во брак со ќерката на биснисменот Иван Џо Петрески, актерката Ема. Двојката заедно со двете ќеркички живеaт во Лос Анџелес.