КЛАВИР И ГИТАРА ОНЛАЈН, КАКО ДА СЕ ПЛИВА ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ: Се бараат алтеранативни начини за воншколските активности

Добивај вести на Viber

Состојбата со ширењето на коронавирусот наметна живеење по други правила. Сите сектори се на голем удар. Со големи тешкотии во моментов во нашава земја се соочуваат и сите приватни училишта и спортски клубови каде децата имаат воншколски активности. Се бара алтернатива, но велат, можено ли е се да биде учење на далечина. Музичкото училиште нтерпрајз, каде брои стотина членови, одлучи часовите да ги спроведува онлајн. Се надеваат дека нема се да бидеизгубено.

-Воопшто не е лесно ниту за нас, ниту пак за децата. Тие најмногу губат во моментов. Но, за среќа и ние можеме да се организираме некако поинаку, вели Валентино Скендеровски, сопственикот на училиштето за музика „Ентерпрајз“.

Тимот на Ентерпрајз, одлучи да се обидеме да држиме онлајн настава, со цел да го одржиме континуитетот и да не заборавиме да свириме и да пееме. Ученици, очекувајте во текот на следните денови, да ве контактираат вашите предавачи, со цел да се договорите за термини за онлајн настава. Се надевам дека добро ќе се забавуваме во домашна атмосфера, а и вашите родители ќе поднаучат нешто да свират доколку седнете заедно на компјутер да го проследите часот. Родители, ви ветувам дека ќе ја развеселиме атмосферата во вашиот домЌе го победиме вирусот со музика, па кога ќе си замине од нашиве простори, ќе одржиме еден голем концерт во чест на неговото истребување, со ваков пост на ФБ, „Енетрпрајз“ ги повика учениците на настава.

Повеќе на Фактор.мк