Кнедла во грлото: Синот на Шумахер објави божиќна фотографија која крши срца
фото:PROFIMEDIA / PA
Доаѓаат божиќните и новогодишните празници, а една од асоцијациите на тие денови е дефинитивно семејството.
И познатите и помалку познатите ги сакаат божиќните празници најмногу поради семејната атмосфера и времето поминато заедно, со оглед на тоа што во текот на годината често сме разделени.
Како и кај сите, таква атмосфера владее во семејството Шумахер, но фотографијата која ја сподели Мик Шумахер, синот на познатиот Формула 1 возач, Михаел Шумахер, го растажи светот.
Семејството Шумахер позира пред елката, но тажен е фактот што на фотографијата недостасува Михаел.
Мик ја смени и сликата на профилот, па сега е онаа каде што тој е мал со татко му кој го држи во раце. Се гледа дека Мик се обидува да сокрие се со насмевка и да биде силен, но во исто време му е многу тешко поради ситуацијата на неговиот татко.
Да потсетиме, Шумахер во 2013 година доживеа тешка несреќа на скијање. Тој поминал девет месеци во болница, по што бил пуштен на домашно лекување. Оттогаш семејството во најстрога тајност ги чува информациите за неговата состојба, а само повремено излегува нешто ново во јавноста.
Еден од ретките на кои им е дозволено да го посети, освен семејството, е и неговиот пријател Жан Тод, кој откри малку повеќе за здравствената состојба на славниот Шумахер.
- Среќен сум што луѓето, не само во Германија, мислат толку за него. Луѓето прашуваат многу за Шумахер и треба да знаат дека тој е во најдобри раце. Во најдобрата ситуација која може да биде и опкружен е со луѓе кои го сакаат – изјави Тод.
извор:GLOSSYСопругата на Шумахер прв пат во јавноста по обвинувањата дека лаже за неговата состојба: Корина прими награда и се расплака пред сите
Љубовната приказна на Шумахер и Корина крши срца: 8 години се бори за него секој ден и не се откажува