Книга на денот: „Спас 3“ од Исидора Бјелица

Добивај вести на Viber

Спас 3 е водич низ тајните и методите на светската натутропатска медицина. Претставува бревијар од техники и тајни знаења за зачувување и подобрување на здравјето.

„Не познавам некој кој бил толку луд и упорен да го проба сето тоа на сопствената кожа. Да скита од земја до земја, од клиника до клиника, од фармацефт до тревар, исцелител, натуропатски доктор, гуру.. Да се обиде да пронајде решение за квадратурата на кругот наречена канцер.. Оставени на милост и немилост на официјалните протоколи и ненаучните алтернативни методи, луѓето соочени со тешки болести главно се препуштени на сопственото трагање по лек. Денес тешко се доаѓа до информација за тоа кои видови терапии постојат, а често се доаѓа и со задоцнување бидејќи голем дел од тоа се крие или е прескапо”, вели Исидора Бјелица.

Бјелица четири пати била на граница меѓу животот и смртта. Во потрага по лек за најтешкиот вид канцер на јајчниците, поминала 12 земји и различни видови терапии кај најголемите светски експерти за интеративна, односно, нетуропатска медицина. Знаењето и методите, кои ги пробала лично на себе, Исидора ги собра на едно место и несебично ги споделува со своите читатели.