Кое е најомиленото име за дете во светот?

Популарните имиња за бебиња во различни земји во светот логично се многу различни, но сепак постојат и такви кои се редовен избор на новопечените родители. Една веб-страница истражуваше кое е омиленото име за бебињата на различни континенти и дојде до интересни сознанија. 

Според анкетата спроведена во 49 земји, името Софи(ј)а во сите варијации е најпопуларно, без оглед на мајчиниот јазик. Потекнува од грчкиот јазик и значи „мудрост". Некогаш означувало доблест и божествена мудрост.