Кога го видов првпат Ијан, помислив на мојот покоен татко: Нора Шаќири за мајчинството

Добивај вести на Viber

Нора Шаќри – Марковиќ вели дека кога за прв пат го видела својот син Ијан, чувствата ѝ биле многу измешани. Водителката и новинар која работи во Министерство за култура и нејзиниот сопруг Марко го добија синот на шести април годинава, среде најголемата пандемија со Ковид-19.

За Женски магазин, Нора раскажа како сега ѝ поминува еден обичен ден со синот и за чувството кога за првпат го видела.

„Не бев свесна што ми се случи кога се породив. Многу измешани чувства и милион прашања и стравови, но еве по два месеци ние сме во најголема љубов. Кога го видов првпат помислив на мојот покоен татко, бидејќи многу ме потсети на него и сè уште ме потетува, има многу негови црти“, ни изјави Нора. Таа на својот Фејсбул профил објави емотивен статус за својот покоен татко, познатиот новинар Хисни Шаќири, кој денеска требаше да го прослави својот роденден.

„Супер ни оди со Ијан. Преку недела сама го чувам бидејќи Марко работи. Тој е во принцип мирно бебе.  Ужива кога има музика, сака да му се зборува, сака галама. Секој ден менува,  станува сѐ посладок, често се смее. Инаку секој ден е рутина, тој јаде на три часа навечер, капење и легнување. Преку ден сме често излезени, сака да е надвор во количка и да шета“, ни раскажа Нора.

Во претходно интревју за Женски магазин, таа изјави дека тешко успеала да забремени.

Со оглед на фактот дека јас боледувам од хашимото тироидеа, некако можеби потешко одеше оваа приказна, но се разбира, во ниту еден момент не кренавме раце, и ете се случи токму кога решивме да се опуштиме. На крајот од денов, ова е божја работа. Тој реши дека сега јас и Марко треба да станеме родители“, ни изјави Нора минатата година.

М.Џаровска