Кои компании се претставија на првиот “Afterwork Job Fair” ?

Добивај вести на Viber

Вчера (25.12) се одржа првиот “Саем за вработување” во организација на Creative Hub

(www.creativehub.mk ).

Настанот беше можност за поврзување на дипломираните студенти на Академиите за човечки ресурси, графички дизајн. веб дизајн и маркетинг со компании кои имаат отворени позиции во таа област.

На настанот ги претставија работните позиции над триесетина македонски компании лидери на пазарот како Пивара Скопје, А1 Групација, Некстсенсе, Публицис, НЛБ Банка, Декра, Пиксел, Идеа Лаб, Кариера Мк, но и голем број аутсорсинг компании со претставништва во Македонија како “Cylindo”, “Causeway Connect”, “Codeart”, “Kuehe & Nagel”, “Headhunter”, “Frontwisegroup” и други.

„ Едукацијата е примарна, но вработувањето е целта. Затоа за нашите студенти кои дипломираа денес, организиравме саем за вработување каде студентите доаѓаат со портфолија или со биографии и дирекно имаат можност да разговараат и да аплицираат за работните позиции во комапниите. 40 студенти на кои им  е потребно вработување, денес најдоа работа или закажаа интервјуа за работа. Добија можност лице во лице да се запознаат со компаниите. Ова е наш прв Саем и сме исклучително горди на она што студентите го испрезентираа, но и на на компаниите кои не подржаа.  ” изјави Бојан Коскаров, ко-основач на Creative Hub.

Следниот “Саем за вработување” ќе се одржи на 20 февруари.

За повеќе информации следете ја страната на Creative Hub

(www.creativehub.mk ).