Кој е Идрис Елба, најсекси мажот според „Пипл“?
Идрис Елба, кој е актер, диџеј и моден дизајнер е едно од омилените холивудски лица, а магазинот „Пипл“ го прогласи за најсекси маж во годината што изминува.
Сексапилниот Елба има 46 години и е татко на две деца, а во февруари годинава се сврши со манекенката Сабрина Давре.
Со свршеницата, манекенката Сабрина Давре
„Искрено, беше тоа убаво чувство. Убаво изненадување, его трип сигурно“, коментираше британскиот актер по признанието кое му го додели „Пипл“.
Во јавноста, Идрис е познат по улогата на Расел Стрингер Бел во ТВ серијата „Жица“ во продукција на ХБО, а номиниран е за бројни награди. Освен што се занимава со глума, работи и како диџеј и како дизајнер и неодамна ја лансираше сопствената линија на облека.
Со синот Винстон
Со ќерката Исан
Сестраниот британец е татко на две деца, 16 годишната Исан и четиригодишниот Винстон, а планира да се венча со манекенката Сабрина со која се сврши во февруари, пренесува порталот „Пејџ сикс“. Пред Идриз, титулата за најскеси маж според „Пипл“ ја однесоа Мел Гибсон, Ник Нолт, Џони Деп и Блејк Шелтон.