Која е сестрата на Лепа Брена?

Факета Јахиќ, сестрата на Лепа Брена, иако ретко се појавува во јавноста, многу личи со својата сестра. И двете имаат слични имиња- Фахрета и Факета.

Во едно интервју, фолк-ѕвездата изјави дека желбата двете ќерки да имаат слични имиња била на нивната покојна мајка, Ифета. 

Сестрата на Брена долги години , со сопругот Зоран и со двете ќерки, Дијана и Мајда живее во Канада. 

Брена ја посети својата сестра во април, кога беше на турнеја низ Америка и Канада, а сестрата со семејството ја посети во нивната куќа во Мајами. 

„ Многу ми е мило што ја видов сестра ми и нејзиното семејство. И тие кај нас во Мајами. Понекогаш, кога дома во Белград гледам слики од сестра ми, зет ми од внуките и од нивните деца, се расплакувам, ми недостасуваат“, изјави Брена со турнејата. 

Минатиот викенд, таа направи богато шоу на концертот во Белград, а на 15 декември истото шоу ќе го гледаме на концерт во Скопје.