Која е сопругата на Марко Роквиќ со која има две деца: Се познаваат од средно, а тој ѝ ја посвети оваа песна
Сопругата на Марко Роквиќ, Сара Остер Роквиќ вчера се породи и на свет донесе девојче - Драга.
Малкумина знаат дека Марко и Сара се познаваат од средно училиште и дека Роквиќ ѝ посветил песна.
Се запознале и се дружеле во средното училиште, а неколку години по дипломирањето Марко и Сара се вљубиле. Марко на сопругата ѝ ја посвети песната „Иду нам, иду дани“ во која е опишана нивната љубовна приказна.
Тие се венчаа во 2015 година, а истата година го добија синот Деспот, на кој му се исклучително посветени. Најмладиот Роквиќ и неговата сопруга често се дружат со Никола и Бојана Роквиќ, а во тие прилики се дружат и нивните деца.
Марко последниве години го нема на јавната сцена, но се‘ уште се занимава со музика, а неговата сопруга Сара е дипломирана филологија која има профил на Инстаграм и блог посветен на мајчинството, каде споделува совети и искуства со други мајки. Сара изработува и накит, производи за домот и планери за мајки.