Прослава во семејството Роквиќ: Марко доби второ дете, а името е вистинско изненадување

Добивај вести на Viber

Членовите на семејството Роквиќ ја објавија радосната вест на своите Инстаграм профили

Пејачот Марко Роквиќ и неговата сопруга Сара вчера го добија своето второ дете.

Нивното семејство стана побогато за уште еден член, а тие избраа многу специфично име за нивното девојче.

Имено, веста дека Сара се породи ја објави Бојана Баровиќ, сопругата на Никола Роквиќ, која го откри и името на девојчето.

- Бебе Драга пристигна. Како вчера да ги држевме овие „стомаци“ мислејќи дека се големи и баш за слика - напиша Бојана под фотографијата со Сара.

Среќната вест ја сподели и Никола Роквиќ, но и бабата Славица, која го покажа и гордиот татко, кому веќе по традиција му беше искината маицата.

Драга, инаку, е словенско женско име кое потекнува од придавката „драг“, во преносна смисла да се биде „на срце драг“. Често се среќава во Србија, Хрватска, Словенија, Македонија и Бугарија.

Инаку, Сара и Марко веќе го имаат синот Деспот.

Извор: telegraf.rs