„Колку ѝ е пократко здолништето на жената, а повисоки и се потпетиците, толку е полош нејзиниот живот“: Тврди познат експерт за женска психологија

Познат експерт за женска психологија тврдеше дека постои јасен знак дека жената е несреќна.

Ерик Марија Ремарк (1898 - 1970) германски писател кој остана запаметен по неговите познати дела („Ништо ново на запад“, „Три воени другари“), но и по неговите цитати. Имаше интересен поглед на љубовта и светот, но и на жените.

Тој презентираше интересна теорија за процесот на стареење, а истакна дека жената почнува да старее кога на неа ќе се забележат две работи. Имено, тој тврдеше дека жената почнува да старее кога ќе почне да ги крие своите маани, но и годините.

Тој се осврна и на претераната грижа за физичкиот изглед, а познато е дека многу жени денес вложуваат многу во својата гардероба, но и во физичкиот изглед, а одвнатре се всушност празни и несреќни.

„Колку ѝ е пократко здолништето на жената, а повисоки и се потпетиците, толку е полош нејзиниот живот“, вели Ерик М. Ремарк.

Жените кои се фокусираат исклучиво на физичкиот изглед се помалку привлечни за мажите.

Тие не сакаат здодевни жени кои не ги искажуваат своите ставови, кои не ги покажуваат своите преференци и што им се допаѓа или не. Тоа навистина не ги привлекува мажите. Дизајнерска облека, добриот парфем и совршената шминка можеби привлекуваат внимание, но сето тоа поминува како трансформација на Пепелашка после полноќ. Важно е каква личност сте во тој момент, каква душа и енергија имате. Тоа е она што ќе го привлече мажот - кога ќе ги извадите сите маски и ќе бидете свои, автентични.


ФОТО: Freepik