Комарците воопшто не пристапуваат кон мојот дом: Само затоа што го ставив ова во дворот!

Јаглерод диоксидот кој се испушта од оваа мешавина ќе ги привлече комарците како магнет, ќе влетаат во стапица и ќе умрат таму

Живеам во област каде што комарците се неподносливи во текот на летото. Буквално, преку улица гледате луѓе што чекаат автобус и постојано бркаат комарци од себе.

Поминавме години истражувајќи како да ги одбиеме од дворот бидејќи навистина сакаме да уживаме во градината, особено во раните вечерни часови, а потоа откривме феноменален метод!

Тоа е неверојатна стапица за комарци, но и за други иритирачки инсекти.

Прво ќе ви требаат 2 празни пластични шишиња со волумен од 1,5 литри и едно од 5 литри.

Врвовите на помалите шишиња треба да се исечат на должина од околу 15 см, остатокот од шишето (дното) не ви треба. Потоа, на шишето од 5 литри, треба да се направи по една дупка од две страни, што одговара на вратот на помалите шишиња.

Потоа исечените шишиња се туркаат низ дупките во големото шише и се прицврстуваат со лепак. Имате стапица за комарци, и сега треба да ја направите главната работа што ќе ги привлече.

Истурете околу 300 мл вода во големото шише, додадете две лажици шеќер, лажичка сув квасец и измешајте сè добро.

Јаглерод диоксидот кој се испушта од оваа мешавина ќе ги привлече комарците како магнет, ќе влетаат во стапица и ќе умрат таму.

Ако вашиот двор е голем, направете неколку стапици, а ако живеете во стан и имате само тераса, една ќе биде доволна! 


Фото: Shutterstock

Можеби ќе ве интересира:

Нема да видите ниту еден комарец цело лето: Сега е вистинско време да ја посадите оваа билка