Комплетно опремени собите во „ИБИС“ хотелите и подготвени веднаш да прифатат лица во изолација
Двата хотели на „Аџибадем Систина“ и „Орка холдинг“ се комплетно опремени и подготвени веднаш да прифатат лица на кои им е одредена самоизолација.
„Уште еднаш ја известуваме јавноста дека двата хотели „Ибис Скопје“– „Ибис Центар“ и „Ибис Стајл“, кои „Аџибадем Систина“ и „Орка холдинг“ ги ставија на располагање по потреба на државата и на Министерството за здравство се комплетно опремени и подготвени ВЕДНАШ да прифатат лица на кои им е определена изолација“, велат од компанијата.
Оттаму потенцираат дека на располагање се ставаат вкупно 214 кревети, од кои 51 во двокреветни соби, 101 во еднокреветна соба и 3 соби за луѓе со посебни потреби. Хотелите располагаат и со 6 фамилијарни соби.
„Сите соби се
опремени соодветно на потребите и барањата за згрижување граѓани за кои е утврдено
дека треба да се во изолација, од аспект на медицинска опрема и средства за
дезинфекција. За лицата ќе биде
обезбедена храна и стручен медицински персонал. Освен редовна контрола на
пациентите, за итни случаи докторите на „Аџибадем Систина“ ќе стојат целосно на
располагање и ќе доаѓаат на повик“, нагласуваат од компанијата.
Нагласуваат дека доколку има лица кои ќе покажат симптоми на коронавирусот (КОВИД-19), истите ќе се дислоцираат на посебен безбеден начин до локации кои Министерство за здравство ќе ги определи за третман на заболените.