Конечно среќни вести по тешката дијагноза: Брус Вилис и Деми Мур ќе станат дедо и баба за првпат (ФОТО)
Брус Вилис се бори со тешка болест, а сега за првапат ќе стане дедо.
Семејството на Брус Вилис е очајно: „Не разбира што му кажуваме, се молиме за чудо“
Актерот Брус Вилис (67) наскоро ќе стане дедо. Ќерката на Брус, Румер и нејзиното момче Дерек Ричард Томас во вторникот на социјалните мрежи објавија дека го чекаат своето прво бебе.
Парот објави две црно-бели фотографии. Во првата, идниот татко Дерек го бакнува стомакот на насмеаната Румер, а во втората таа дискретно ја покажа нејзината трудничка фигура.
Нејзината мајка, актерката Деми Мур (60) не го криеше својот ентузијазам. Таа веднаш на својот профил сподели фотографии од идните родители.
- Започнува мојата ера на секси луда баба - се пошегува Мур.
Бебето ќе биде првото внуче за Мур и Вилис, кои покрај Румер ги имаат и ќерките Талула и Скаут.
извор:24sata