Кралицата Елизабета нареди да се прекине традицијата за погребот на принцот: На ова се одлучи поради Хари и нејзиниот син
фото:Profimedia
Принцот Филип ќе биде погребан утре, сабота, на поинаков начин отколку што е вообичаено во кралското семејство.
Традицијата дека членовите на кралското семејство носат униформи на погребот на нивните најблиски ќе биде прекината при последното збогување со принцот Филип, по наредба на кралицата Елизабета.
Причината зошто принцот Вилијам, принцот Чарлс и другите нема да носат униформи, со кои требаше да му оддадат почит на покојниот Филип и неговите воени заслуги, е што носењето на униформа е забрането за принцот Хари и принцот Ендру, кои исто така ќе присуствуваат на погребот.
Војводата од Сасекс го изгуби тоа право кога тој и неговата сопруга Меган Маркл решија да се одречат од кралските должности, што и најмногу го повреди Хари, бидејќи тој служеше во британската армија повеќе од десет години.
Од друга страна, принцот Ендру го загуби правото да носи униформа, како и титулата по скандалот во кој беше поврзан со педофилија заедно со Џефри Епштајн.
Повредата на традицијата ја наредила самата кралица Елизабета, „за никој да не може да ги посрамоти нејзиниот внук и син“, пишува Дејли меил.
Така сите ќе се појават во обични одела на погребот на принцот Филип.
извор:stil.kurir.rs