КРАЛИЦАТА КАМИЛА САКА ДА СТАВИ КРАЈ НА ЕДНА ТРАДИЦИЈА ШТО ЈА ОБОЖАВАШЕ ЕЛИЗАБЕТА ВТОРА: Ќе се разбеснат ли Британците?

Смртта на кралицата Елизабета Втора донесе многу промени во кралското семејство, а меѓу другото се најавува дека ќе бидат отпуштени околу 100 луѓе. Станува збор за оние кои биле вработени во поранешната резиденција на Чарлс и Камила, со оглед дека сега се во Бакингемската палата, а познато е и дека кралот Чарлс сака да ја намали монархијата.

Во тоа му помага и сопругата Камила, која исто така ќе и укине една од омилените кралски традиции на Елизабета Втора, дамите од дворот. Во текот на сите години од нејзиното владеење, кралицата имала дворски дами кои и помагале во сè, од администрацијата, изборот на нејзината гардероба, до организирањето на разни настани. Важен детал е што сите овие жени се од богати семејства, а не добиле пари за своите обврски. Повеќе на Фактор.мк


Фото: Профимедиа