Кралицата ќе ја прими ли вакцината против ковид-19? Британија конечно го доби одговорот, а сите беа изненадени

Добивај вести на Viber

Британската кралица ќе ја прими вакцината против ковид-19

Британската кралица Елизабета Втора треба да прими вакцина против ковид-19 во следните недели, а потоа да открие дека го сторила тоа со цел да охрабри што е можно повеќе Британци да го сторат истото.

Сигурни извори блиски до кралското семејство тврдат дека кралицата Елизабета Втора (94) и нејзиниот сопруг принцот Филип (99) ќе стојат во линија со другите Британци без посебен третман во првиот бран на вакцинација планиран за граѓани на возраст од 80 и повеќе години, објави порталот „Дејли меил“.

Кралската двојка се очекува да прифати да се вакцинираат по препорака на нивните лекари, но тоа ќе го сторат и јавно за да ги охрабрат Британците да се вакцинираат и да ги игнорираат теориите на заговор за штетноста на вакцинацијата против ковид-19.


Фото: Reuters

Можеби ќе ве интересира:

Принцот Хари и принцезата Јуџин чуваа тајна од кралицата Елизабета Втора