Кражби на велосипеди: Секој ден „оди“ по еден, граѓаните препуштени сами да ги бркаат крадците

Добивај вести на Viber

Сезоната на велосипедски сообраќај уште е во полн замав поради временските услови кои иако е Ноември се соодветни. Популарноста на ова превозно средство и негово воведување во јавниот превоз, освен што му годи на здравиот живот на граѓаните, Скопје полека го доближува до европските метрополи и градови со развиена сообраќајна култура како Копенхаген, Амстердам или Стокхолм.

Но, брзото зголемување на велосипедскиот сообраќај во Скопје доведува и до зголемен криминалитет, што ги дестимулира граѓаните во купување и користење на ова превозно средство.

Статистиката на МВР која е разочарувачка во поглед на решени случаи, за девет месеци годинава бележи 642 кривични дела „кражба“ на велосипеди. Но, таа бројка, се претпоставува, сигурно е поголема бидејќи многумина и не се осудуваат да пријават кражба.

Повеќе на Фактор.мк