Крем супа полна со витамини и минерали: Влијае на имунитетот, го зајакнува телото
Крем супите се совршен оброк за во зима. Освен што се многу вкусни, полни се со витамини и минерали кои се неопходни за нашето тело.
Супата е одлично решение за да ги внесете сите неопходни витамини и менерали, а притоа е и вкусна. Таа ќе му помогне на телото за да ја добие потребната количина на витамини и минерали, а со самото тоа ќе го зајакне и имунитетот.
Потребни состојки:
500 милилитри вода или бујон од зелечук;
4 чаши спанаќ;
2 листа босилек;
пола авокадо;
1 домат;
1 целер;
чешне лук;
портокан (доколку сакате).
Подготовка:
Во поголемо тенџере зовриете ја водата или бујонот, а потоа со сите останати состојки ставете ја во блендер и блендирајте додека не добиете кремаста смеса. По желба додадете сол и бибер.
Исто така, може да додадете и малку повлака или семки од тиква.
фото: Shutterstock