Круша под круша паѓа: Мајка и ќерка како сестри - Светлана и Моника Црнокрак пленат со убавина

Добивај вести на Viber

Познатата двојка Светлана и Мики Црнокрак која повеќе од две децении е во брак и успешно го водат модното студио „Црнокрка“ се родители на две ќерки - Моника и Нина.

Моника е поголемата која по дипломирање на Економскиот факултет продолжи да се занимава со манекенство. Таа досега освои неколку титули на избори з аубавина, но и од неодамна е тв лице. Водителка е на забавна емисија на Канал 5 телевизија.

Моника и Светлана, пленат со нивната убавина. Кога се една до друга игледаат како две другарки, а не како мајка и ќерка.

Светлана пред извесно време изненади со фотографија на која фустанот кој таа го носела на 19 години, денес гордо го носи згодната Моника.

Овој пат Моника изненади со заедничка фотографија со нејзината мајка, и двете облечени во бели венчаници.

Фото: Инстаграм