Крвта не е вода: Синот на Димитар Андоновски запеа на сцената на која неговиот татко пеел пред 29 години (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Гордиот татко не ја криеше среќата...

Дека крушата под круша паѓа докажуваат и познатите пејачи и нивните деца. Голем број од нив веќе имаат наследници кога е музиката во прашање, а на дел од нив допрва се впуштаат во музичките води.

Таков пример е и познатиот пејач Димитар Андоновски, кој вчера на социјалните мрежи се пофали со својот постар син Михаил. Имено, малиот Михаил вчера за првпат застана на сцена и ја отпеа својата прва песна на детскиот фестивал „Си - До“, на кој и неговиот татко пред многу години ги имал своите музички потечетоци.

„Денес Михаил дебитираше на фестивалот „Си - До“. Беше цел ден возбуден и среќен дека ќе пее. Кога го гледав на сцена како да се гледав самиот јас кога за првпат пеев на истиот фестивал во 1994 година. Крвта не е вода“ - напиша Димитар покрај фотографијата на која позираше со неговиот наследник.

Иако уште нема видео од настапот на малиот Михаил, во продолжение ве потсетуваме како изгледал нашиот познат пејач во далечната 1994 година на детскиот фестивал „Си - До“:


Инаку, освен Михаил, Димитар со сопругата Христина го има и синот Гаврил, кој во јануари оваа година наполни една годинка.

View this post on Instagram

A post shared by Dimitar Andonovski (@dimitarandon)


фото: Принтскрин / Инстаграм