Лажеше дека го победи ракот за реклама
Австралиската блогерка Бела Гибсон е обвинета дека ја лажела јавноста дека го победила ракот, благодарение на здравата исхрана, наведувајќи ги на тој начин луѓето да ги купуваат нејзините книги и апликации за мобилен телефон во кои се рекламирале производи.
Судот ѝ одреди казна од 400,000 илјади долари. Таа навела дека дел од собраните средства давала во хуманитарни цели. Но, во истрагата било докажано дека парите, сепак, ги задржала таа.
Судот ѝ наложил на Бела да плати 410.000 долари, кои ги присвоила, а казната за измама и за наведување на заболените, наместо медицинска терапија, да ги слушаат нејзините совети допрва ќе ѝ биде одредена.
Бела стана позната во 2013 година по рекламирањето на своите книги на „Фејсбук“ и на „Инстаграм“ кога наводно ѝ бил дијагностициран тумор на мозокот. Таа на социјалните мрежи лажела дека ѝ остануваат само пет месеци живот.