Лејла и Роберт Билбилов на патување во градот каде се собира светскиот џет сет: Еве каде ужива вљубената двојка (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Викендов познатиот музичар Роберт Билбилов и неговата девојка, јога инструкторката Лејла Рамковска, заминаа на патување.


Двајцата се пријавија од Ница, центарот на Азурниот брег, собиралиштето на европскиот и светскиот џет сет, каде има чисто море, плажа, барови, дискотеки и речиси секој ден е незаборавно доживување.

Лејла на Инстаграм постираше неколку фотографии, како уживаат со Роберт.



Сместена меѓу планини и Средоземното Море, Ница има еден милион жители, со што е вториот најголем град на француското крајбрежје, зад Марсеј. Таа е една од најпривлечните туристички дестинации во Европа и годишно ја посетуваат милиони луѓе, а тамошниот супермодерен аеродром е меѓу најпрометните во Франција.

Од 18. век, Ница ја привлекувала европската аристократија, најмногу британската и руската, во потрага по пријатна клима, каде што би ги поминувале зимите.

Љубовта ни ја движи крвта: Лејла Рамковска искрено за врската со Роберт Билбилов


ФОТО: Инстаграм