Лежалките стануваат луксуз: Во Грција ги компензираат со кафе, во Црна Гора цените изгор

Добивај вести на Viber

Зависно од плажата за која туристите ќе се одлучат, комплет лежалки во Црна Гора ќе платат од 10 до дури 120 евра. „Обичните“ туристи, оние кои не се гости на хотелот на компанијата „Адријатик пропертис“ кој е во сопствеништво на грчкиот бизнисмен Петрос Статиста, на Кралската плажа ќе ги дочека катанец на метар и пол висока ограда.

Користењето на плажни реквизити е задолжително и на хотелската плажа под „Маестрал“, каде сет чадор и лежалки чинат „само“ 50 евра.

Туристите кои летото го поминуваат во Црна Гора се жалат што поголем број од плажите немаат простор за пешкири, бидејќи на тој начин црногорските угостители ги принудуваат да ги следат нивните изгор цени.

-Минатата година се донесени прописи по кои во рамки на секоја плажа мора да се остави простор за пешкири и се надеваме дека црногорските угостители тоа и ќе го испочитуваат-посочија од скопска агенција за Фактор.

Најевтино во Црна Гора  ќе си поминат оние кои ќе закупат плажни реквизити во кафебаровите во Бечичи, Рафајловиќи и Сутоморе, кои ќе мора да издвојат од 10 до 15 евра за пар лежалки, после нив следат Херцег Нови, Будва и Каменово, со цени на лежалките до 20 евра.

Од друга страна, во голем дел од Грција, лежалките и понатаму се добиваат по цена на пијалоци, додека во Турција десетдневен „all inclusive“ аранжман во хотели со пет ѕвезди чини помалку од лежалки за десет дена во Црна Гора. Гледајќи малку понатаму, но не и толку далеку, цените на лежалки во Кипар се 7,5 евра. Во Албанија пак за лежалки ќе треба да платите 500 леки (1 евро – 139 леки)или 3-3,5 евра .

На повеќето плажи во Тасос до неодамна се применуваше истиот принцип на користење лежалки и чадори од локални кафе барови, како и на територијата на цела Грција. А тоа значи дека обично е потребно да се порача еден или два пијалоци, што практично кажано ќе платите околу 4-5 евра дневно, за да добиете на користење чадор и две лежалки.

Нормални цени за туристите за лежалки секогаш имало на првиот крак. Неа Потидеа, Калитеа, Ханиоти, Фурка се дел од малите крајбрежни градчиња каде лежалките се бесплатни ако пиете кафе со кое ќе добиете гратис флаша вода.

-Моментално уживаме во Калитеа. Овде цените се како секоја година во сезона. Цените на лежалките ги плаќаме по пет евра а за кафе со кое ни носат гратис флаша вода плаќаме 3,80 евра, додека вон и пред сезона за лежалки не се плаќа, туку си го плаќате само пијалокот-вели Светлана Б.


Сите детали на Фактор.