Модната дизајнерка Лиле Корубин и нејзиниот сопруг, сликарот Рубенс Корубин се запознале пред речиси четири децении на денот кога католиците го прославуваат Божик. Лиле е по вероисповед католик и нивната прва средба се случила во нејзиниот дом.
- Таа ноќ, со еден заеднички пријател отидовме во домот на семејството на Лиле. Тогаш првпат се видовме и таа ми остави силен впечаток. Оваа прва средба, првиот поглед беше навистина судбоносен - раскажа Рубенс во интервју за „1Е Магазин“.
Подоцна следувала заедничката прослава на Нова година пред да почнат да се забавуваат. По четири години врска, стапиле во брак.