Љубовната приказна на Бекамови: Наместо развод, гламурозна годишнина
Дејвид и Викторија Бекам гo слават 19-годишниот брак со своето семејство на многу симпатичен начин. Нивната годишнина се совпаѓа со четврти јули, и тие беа поканети да учествуваат na школскиот спортски ден на речиси 7-годишната ќерка Харпер, каде што Дејвид се натпреваруваше против другите татковци во трката со вреќички со грав на главата.
Викторија објави видео како тој се натпреварува со татковците, додека се обидуваше да ја балансира вреќата со грав на главата, пишувајќи: „ Браво!"
Подоцна попладнето, парот и родителите на четири деца уживаа во романтичен ручек со вино.
Откако кружеа шпекулации дека двојката се разделува и живее во одвоени куќи, Дејвид и Викторија Бекам уживаа во својата романтична годишнина.
Фудбалската ѕвезда сподели нивна фотографија на Инстаграм, каде насмеани се држат за раце во ресторан во Париз.
„19 години WOW ... Во ова време пред 19 години бев облечен од глава до пети со виолетово... Среќна годишнина на најневеројатната жена и мајка... Те сакам“ и ги додаде имињата на нивните деца со хаштагови - @ brooklynbeckham @ romeobeckham @cruzbeckham #HarperSeven.
Викторија пак ја сподели истата фотографија со сопствената порака во насловот, „19 години !!! Те сакам толку многу. "
Модната дизајнерка, исто така, сподели фотографии од подароци кои ги добиле од нивните деца, вклучувајќи ги и сребрените балони и букетите од цвеќе за посебна пригода.
Моќната двојка ги има децата Бруклин, Ромео, Круз и ќерка Харпер.
„Среќни мама и тато", пишува таа на фотографиите.
До крајот на ноќта, двојката уживаше во ресторанот во Париз, со шише вино „Chateau Lafite Rothschildод “ од 1990-та година.
„Специјално вино за еден многу посебен ден", напиша Викторија.
Годишнината на парот доаѓа во пресрет на извештаите на некои таблоиди што ги разделија. Двојката негираше дека се разделуваат.
Викторија Бекам неодамна зборуваше отворено за тоа како таа го балансира својот личен и професионален живот.
„Се обидувам навистина, навистина тешко. Се обидувам најмногу да бидам најдобра мајка ", рече Викторија на „Самитот за жени на Форбс“ во Њујорк.
„Се обидувам да бидам најдобра сопруга и најдобар професионалец. Кога ќе се вратам дома, се обидувам да го спуштам телефонот и да трошам време со децата и да минувам време со Дејвид ", продолжи таа.
Таа, исто така, го пофали нејзиниот сопруг, велејќи: „Имам поддршка од еден неверојатен сопруг. Ние навистина сме рамноправни со сè што правиме со децата дома", рече Викторија. „Кога сум на пат, тој е оној што ги подготвува децата за училиште и готви".
Двојката се запознала на настан на Манчестер Јунајтед во 1997-ма година. Дејвид играл за тој фудбалски тим во тоа време, но сѐ уште не бил една од најпрепознатливите ѕвезди во овој спорт.
Имаа раскошна свадба само две години подоцна, во 1999-та година во ирски замок. Минатата година двојката ги обнови своите завети на релативно приватна церемонија.
Во интервју за „BBC Radio 4’s Desert Island Discs“, Дејвид се отвори за специјалниот ден, истовремено признавајќи дека „Бракот е тежок понекогаш", додека тој и неговата сопруга продолжуваат да работат напорно на нивната врска.