Љупче нема веќе да го храни синчето со леб и шеќер: Се враќа надежта во животот на самохраниот татко од Штип

Добивај вести на Viber

Приказната на самохраниот татко Љупче од Штип полека ја враќа надежта во неговиот живот.

По трогателното обиколување на неговиот случај на социјалните мрежи, хуманите граѓани и организации веќе им обезбедија на него и синчето Андреј храна, облека и работи за домаќинството.

Фото: Фејсбук

Преку Фејсбук групите за мајки, за малиот Андреј е собрана и облека, играчки и храна, собрани се и хигиенски работи, а она што е најважно во целата оваа тажна приказна е веста дека општината обезбедила работа за Љупче Смилев кој има 23 години а неговото детенце сега ќе има можност да се социјализира и дружи со врсниците во градинка.

Колку се сурови судбините на некои луѓе е токму овој случај.

Љупче во апелот за помош изјави дека синот го храни со шеќер и вода и се задолжува со цел да има да го прехрани.

Сопругата го напуштила Љупче , кој целиот живот го поминал во тешки услови и се борел да преживее.

Фото: Фејсбук

Пораснал во дом за деца без родители, спиел на улица.

Кога имал само 5 години го напуштила неговата мајка, а татко му завршил во затвор. Иако живеел тешко, деновите сепак ги минувал некако нормално се додека не починала неговата баба пред 9 години.

Работејќи во штипската болница ја запознал Ирена со која го добил синот Андреј, но таа еден ден ги напуштила. Сега, со помош на хуманите граѓани, идат поубави денови за Љупче.

Фото: Фејсбук

Ако и вие сакате на некој начин да му помогнете на Љупче и неговиот син, можете информации да добиете на тел.број 075 304 405.