Лоба за грчките пожари: Ситење на туѓа несреќа е одвратно за читање!
Пожарите кои вчера зафатија дел од Грција, се главна тема во светот, а и во Македонија. Голем дел од јавните личности упатија сочувство за граѓаните кои преживуваат страшна траума, но имаше и доста негативни коментари.
Пејачката Викторија Лоба згрозена од негативната енергија и омраза на социјалните мрежи, сподели емотивна порака со која сака да порача да бидеме добри и да делиме само љубов за сите, особено во вакви ситуации.
„Луѓе освестете се!! Престанете со омраза и осудување особено по социјалните мрежи. Кратко сме на овој свет за да го поминеме животот во негативни емоции.
Let it go...
Останете со чисто и добродушно срце, не си го губете времето во омраза, самите си се уништувате до срж, а тоа не ве прави подобри. Покасно ќе се каете за се добро што сте пропуштиле додека ве заслепило злото.
Социјалните мрежи се преплавени со негативни коментари и осудување, ситење на туѓа несреќа, одвратно е за читање не знам како не им е одвратно на тие што ги пишуваат тие коментари, не сфаќам која сила ги движи.
Бидете подобри, пробудете ја љубовта и емпатијата во вас, не е касно! “