ЛОЗАНО НАПОЛНИ 33 ГОДИНИ: ОДГОВАРАМ НА СИТЕ РОДЕНДЕНСКИ ПОРАКИ
Влатко Лозаноски-Лозано денеска полни 33 години. Поп-пејачот кој е актуелен со хит-синглот „Километри“ , за Женски магазин вели дека за роденденот сѐ му е таман, освен времето.
„ Како и секој роденден, и овој го прославувам во кругот на мои блиски луѓе, со некоја чашка и нормално со торта. Како и секоја година, добивам огромен број на пораки и повици по повод роденденот, и гледам на сите што нашле време да ме испочитуваат да им одговорам. Тоа многу ми значи, искрено“, ни рече Лозано и додаде:
„ За жал, времето не е во наша полза, но духот е позитивен, и тоа е најбитно“.
Пејачот кој е познат по својата скромност, е скромен и во роденденските желби.
Сестрата на Лозано, писателката и уметник Марија Лозаноска со емотивна порака на фејсбук му го честиташе роденденот на брат ѝ, и сподели слика од времето кога биле деца
„ Ќе си посакам прво за мене, да ме држи здравјето, гласот, позитивниот и оптимистички дух, да сум насмеан, да имам уште многу песни и хитови, концерти уште повеќе и задоволна публика. Да ми се живи и здрави луѓето кои најмногу си ги сакам на светот, семејството, пријателите, соработниците и сите да си имаат што ќе посакаат“, ни реќе Лозано. Последнава година беше успешна за него. Песните „Ова лето ќе се памти“, „Као тебе да те имам“ , како и последната „Километри“ станаа големи хитови.
Неговата сестра, писателката и уметник Марија Лозаноска со емотивна порака на фејсбук му го честиташе роденденот на брат ѝ, и сподели слика од времето кога биле деца.
М.Џаровска