Маја Панчева: Дарко ме караше кога играв бремена за Нова година
Маја Гроздановска- Панчева се потсети на две интересни новогодишни анегдоти кои и се случиле пред многу години. Поп-пејачката и хористка во МОБ била бремена со двете ќерки на Нова година.
„ Засекогаш ќе ги паметам двете Нови години кога случајно и со Надица и со Марија бев бремена. Едната беше во Милано, другата во нашето кафе „Деветка“. И, иако нели не смееш многу да скокаш и да бидеш немирен, јас и на двете забави сѐ се изнаиграв, а Дарко ме караше и ми велеше да не претерувам“, се сеќава Маја на нејзините најдраги новогодишни забави. За ќерките Надица и Марија, таа вели дека и двете имаат афинитети кон музиката и кон модерниот танц. Надица во учењето покажува талент за јазици и студира на Филолошкиот факултет, а Марија, вели Маја, има талент за повеќе работи, и допрва ќе одлучи за што ќе се определи.
„Дарко и јас веќе 19 години си функционираме на еден нормален, човечки начин како да не сме луѓе од јавниот живот. Едноставноста е таа што си ја сакаме помеѓу нас“, додава Маја за својот сопруг.