Мајка ѝ е најубавата жена од Европа, а татко ѝ ненадминлив шармер: Сега е возрасна, а сите се прашуваат дали ќе ги наследи родителите

Неодамна, папарацо-фотографи ја забележаа младата Дева Касел во Портофино на работна задача - додека снимаа нова реклама за парфемот на познатата италијанска марка „Долче и Габана“. Оваа сцена предизвика голем интерес, што не изненадува, со оглед на тоа дека оваа  тинејџерка е ќерка наеден од најпосакуваните славни парови.

Имено, родители на Дева се Моника Белучи, жена за која многумина сметаат дека е една од најубавите жени во светот и актерот Винсент Касел, познат по специфичниот шарм и сексапил.

Оваа млада дама, која ќе го прослави својот 17-ти роденден во септември, позираше во романтичен виолетов фустан со цветен принт, а од детали носеше само ефективни обетки. 

Дева изгледаше многу нежно и елегантно со долга бујна коса полна со бранови, и покажа дека дефинитивно ја наследила љубовта на нејзината мајка кон манакенството и дека позирањето и е многу лесно.

Оваа 16-годишна девојка не личи премногу на нејзината мајка или татко, па веруваме дека го наследила најдоброто од двајцата, иако личи на Моника Белучи од помладите денови. 

Ова не е нејзина прва кампања за познатото модно дуо - минатата година сними реклама за парфемот Shine на езерото Комо.

Инаку, покрај овој ангажман, Дева веќе двапати ја краси насловната страница на француското издание на списанието „Elle“ и на шпанското издание на „Harpers Bazaares“ еднаш. Не е ни чудо што сите и предвидуваат блескава кариера.



Да потсетиме, Белучи беше во брак со Касел од 1999 до 2013 година, а парот покрај Дева ја доби и ќерката Леона (12). Поранешните сопружници дадоа се од себе да ја заштитат приватноста на своите деца, но пред две години, постарата Дева влезе во водите на манекенството, а рефлекторите на јавноста сега се повеќе се насочени кон неа. 

Што велите - дали таа ја наследи убавината на нејзината мајка?


Фото: Инстаграм/Дева Касел/Profimedia

Можеби ќе ве интересира:

Токму со оваа фотографија Моника Белучи порача зошто е толку фатална: Жените ѝ љубоморат, мажите воздивнуваат