Мајка ги предупредува родителите: Сите го правиме ова за да ги разладиме децата, а немаме претстава колку е опасно
Мајка на три деца сподели ужасна фотографија на фејсбук, од нејзиниот деветмесечен син, за да ги предупреди родителите за големата опасност што демне во секој двор.
Стејси од Лас Вегас вели дека дури и денес, две години подоцна, таа плаче кога ќе ја види фотографијата од нејзиниот син кој имал девет месеци за време на стравичната случка.
Ја пренесуваме нејзината објава во целост.
- Секој пат кога ќе ја видам оваа слика, плачам, но мислам дека е важно да ја споделам. Пред две години, моето бебе претрпе изгореници од втор степен на над 30 проценти од телото, бидејќи случајно го испрскавме со вода од црево во дворот.
Потоа пожарникарите издадоа соопштение и предупредување до родителите:
- Градинарско црево кое е директно изложено на сонце е многу опасно. Сонцето може да ја загрее водата внатре на температура до 60 степени, што предизвикува опасни изгореници, особено кај деца и животни. Пред да пуштите млаз кон некого, задолжително истечете ја водата за да ја разладите - гласи објавата
Секое лето, исто како и трагичните инциденти со оставање деца и животни во автомобили (како вчерашната трагедија во Хрватска кога детенце почина од топлотен удар во автомобил), се повторуваат приказни со изгореници како резултат од црево во градината. Меѓу поновите случаи е случајот со мајката Доминик, која сакаше да го наполни базенот на нејзиниот син Николас со вода. Во еден момент, таа го испрска со вода за да го олади, не сфаќајќи дека водата во цревото е топла.
- Никола почна да вреска и почна да плаче. Отпрвин, помислив дека е само фрустриран што мора да го чека базенот и дури тогаш сфатив што се случило - изјави мајката за медиумите.
извор:zena.blic.rsНикој не очекуваше толку минијатурно бебе: Ќерка ми има две години и користи мебел за барбики
Ќе ви го стопли срцето со реакцијата: Девојче со Даунов синдром доби кукла која личи на неа (ВИДЕО)