Мајка и ќерка бремени во исто време: „Луѓето велат дека е многу чудно, но тоа е одлично за нас“

Присила ја објави својата бременост преку видео кое го објави во август. Таа и нејзината мајка биле во автомобилот, а Присила потоа ја известила дека за осум месеци ќе стане мајка, а таа баба.

Една жена им возврати на „троловите“ откако ги оставија нивните коментари на социјалните мрежи велејќи дека е многу чудно и неприродно таа и нејзината мајка да бидат бремени во исто време. Присила сподели видео од неа и нејзината мајка на ТикТок, на кое и двете се во тесни фустани и го покажуваат трудничкиот стомак, пишува The Sun.

Насловот на видеото гласеше: „Ти и мајка ти сте бремени во исто време? Тоа е толку чудно“, мислејќи на непријатните коментари што ги добиваат, а во видеото мајката и ќерката пеат и покажуваат на трудничкиот стомак. Се чини дека мајката на Присила била бремена многу подолго од нејзината ќерка бидејќи нејзиниот стомак е видливо поголем.

Во описот на видеото напишале дека оваа ситуација им е одлична, но корисниците кои го погледнале видеото сепак главно се согласиле дека тоа е необично.


– Ова е толку чудно – напишал еден корисник. - Децата ќе бидат многу збунети - додаде друг. Сепак, не беа сите на исто мислење, па некои напишаа дека тоа всушност им било одлично. „Мајка ми и баба ми беа бремени во исто време и тоа е толку слатко“, гласеше еден коментар, додека друг гласеше: „Забременав десет недели пред мајка ми и мислам дека тоа е прекрасно. Нашите деца ќе растат заедно“.


Фото и Видео: ТикТок

Извор: The Sun