Мајка сакала да ги даде на посвојување близнаците со Даунов синдром, но нешто ја натерало да се предомисли (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

ФОТО: Принтскрин јутјуб

Кога ја дознала страшната вест, мајката сакала да ги даде на посвојување близнаците со Даунов синдром, но нешто ја натерало да се премисли.

Кога Џули Меконел дознала дека е бремена и носи близнаци, се соочила со страшна вест. Размислувала да ги даде своите деца на посвојување.

Еден ден дошла на рутински преглед каде ѝ ја соопштиле страшната вест - нејзините близнаци имаат Даунов синдром.

И таа и нејзиниот сопруг биле во четириесеттите години и знаеле дека компликациите од бременоста се зголемуваат со возраста. Но, сега морале да се соочат со реалноста и да донесат одлука.

Тие брзо го отстранле абортусот како опција. Одамна одлучиле дека ќе имаат што повеќе деца, но дали навистина се способни да воспитаат дете со Даунов синдром, близнаци?!

Уште полошо било тоа што имале полна куќа, односно веќе имале четири деца. Ако донесат на свет уште две, на кои им треба посебна грижа, се може да се распадне.


Отпрвин мислеле дека давањето деца на посвојување е добра идеја

Отпрвин мислеле дека давањето на децата на посвојување е добра идеја, дека децата ќе добијат семејство кое ќе може целосно да им се посвети. Но, колку подолго размислувале за одлуката, чувствувале огромен товар - не сакале плодот на својата љубов да му го дадат на непознати.

Од љубопитност, тие се распрашувале и ја откриле Националната мрежа за посвојување на Даунов синдром, па дури и нашле семејство спремно да ги посвои близнаците.


Но, ова знаење довело до уште потежок товар, па почнале да истражуваат како да воспитаат дете со Даунов синдром.

Набрзо почнале да веруваат во нивната способност да одгледуваат близнаци, но сомнежите продолжиле.

Кога дошол денот на раѓањето и кога ги погледнала своите две момчиња, Џули сфатила дека не може никому да ги даде. Самата идеја да се дадат на посвојување изгледала чудна. Сопругот се согласил и наскоро донеле нови деца под покривот.

Сега сите живеат среќно и задоволни со две малечки кои имаат шаренолика и посебна личност.