Мајка сподели фотографија од расплаканиот син кој следи онлајн настава: Не можеше да премолчи еден детаљ

Добивај вести на Viber

Фотографијата вирално се шири на интернетот

Како и во многу држави ширум светот и во Америка многу деца започнаа со следење на онлајн наставата, а колку тешко ја прифаќаат оваа промена најдобро докажува фотографијата од ученикот, која вирално се шири на интернетот.

Наместо во училница, шестгодишното момче од Џорџија првиот училишен ден го започна учејќи пред компјутер, преку онлајн платформа.

„Мојот син беше толку тажен поради фактот дека нема да дели училишната клупа со другарите, па ја спушти главата и почна да плаче“ - раскажува неговата мајка Џејн Комбс, која не можела да го премолчи овој момент од фотографијата - кога момчето плаче.

Кога видела колку е депресивен, Џејн знаела дека треба нешто да преземе. Затоа го фотографирала и фотографијата на споделила на Интернет, со надеж дека ќе ја крене свеста за потешкотиите со кои некои ученици се соочуваат, бидејќи не одат на училиште.

„Ја направив оваа фотографија, бидејќи сакав луѓето да ја видат реалноста. Откако го фотографирав, син мѝ ми пријде и се прегрнавме, а јас плачев заедно со него“ - раскажа оваа жена за медиумите.