„Македонија сега мора да биде силна“: Карлеуша сочувствува со нашата болка

Добивај вести на Viber

Сочувства за настраданите во ужасниот пожар во дискотека во Кочани доаѓаат од сите страни. Преку социјалните мрежи сочувство со нашата болка испрати и Карлеуша.

„Страшна трагедија ги снајде нашите браќа во Македонија. Нема утешни зборови за болката на родителите кои вечерва ги загубија децата. Македонија сега мора да биде силна. Нашето најдлабоко и најискрено сочувство до нашите браќа Македонци. Срцето ми е со вас, сочувствувам со вашата болка. Србија е со вас“. - напиша кратко на Фејсбук познатата Јелена Карлеуша.