Животна училница // Приказни
Според факултетот за музичка уметност, и Сара Пројковска го изгуби животот во пожарот: Беше придружен вокал на ДНК во кобната ноќ
- 16 Март, 2025 15:34

Андреј Ѓоргиевски еден од дуото од ДНК го загуби животот во страотниот пожар што се случи рано утринава во дискотека во Кочани.
Според објавата на социјалните мрежи од Факултетот за музичка уметност помеѓу починатите е и придружниот вокал на ДНК, Сара Пројковска.
„Со длабока жалост и неверица ве известуваме дека нашата колешка, вонр.проф.м-р Сара Пројковска, го загуби животот во невидената трагедија во Кочани. Нашата Сара, полна со љубов, живот и музика, лавица и добрица...“, се простија од Сара.