Животна училница // Приказни
Според информациите, Андреј од ДНК загина во пожарот: Се обидувал да им помогне на гостите...

Андреј Горгиески, еден од членовите на дуото ДНК им подлегнал на повредите од пожарот во Кочани.
Веста за неговата смрт повеќе медиуми ја пренесоа повикувајќи се на потврдени информации од неговото семејство.
Се пишува дека Андреј се вратил внатре во дискотеката да спасува деца од пламените јазици!
Освен Ѓорги Горгиев, меѓу загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани е и Филип Стевановски, клавијтурист во ДНК и директор на Центарот за култура „ацо Шопов“ и Фестивалот за детски песни „Весело штурче“ и Александар Коларов.
„Што сака нека биде“ беше песната која се пееше кога почнаа пламените јазици да се шират, се вели во објавите на социјалните мрежи.
Среќни и со шега заминаа од овој свет: Последното видео на членовите од бендот на „ДНК“ Ѓорги Горгиев и Филип Стевановски