Среќни и со шега заминаа од овој свет: Последното видео на членовите од бендот на „ДНК“ Ѓорги Горгиев и Филип Стевановски

Добивај вести на Viber

Засега официјално двајца членови од бендот на групата „ДНК“ се меѓу настраданите во пожарот кој во смрт однесе 59 млади животи.

Дека и музичарот Филип Стевановски е помеѓу настраданите во пожарот во Кочани, веќе е потврдено. Филип беше директор на Центарот за култура Штип.

Претходно најблиските споделија дека меѓу жртвите е и Ѓорги Горгиев кој беше тапанар и дел од членовите кои го сочинуваа бендот.

Во последното стори кое го објавија двајцата членови синоќа пред почетокот на настапот се видно расположени и се шегуваат.

Нека почиваат во мир.

View this post on Instagram

A post shared by Женски магазин/Zenski magazin (@zenskimagazin.mk)


ВИДЕО: Инстаграм стори Ѓорги Георгиев