Во страотниот пожар во Кочани загина и гитаристот на ДНК - Александар Колев, но и фотографот кој ги следел на настапи Ефремов

Трагедијата што ја потресе цела Македонија однесе уште еден живот.
Откако беше потврдена смртта на четворица членови на популарниот бенд „ДНК“, пристигна и веста дека во страотен пожар во дискотека во Кочани загинал и нивниот гитарист Александар Коларов.
Оваа трагедија не остави затечени, а пријателите и семејството на жртвите се во длабок шок и тага поради големата загуба.
Факултетот за музичка уметност во Скопје потврди дека Сара Пројковска, позната како придружен вокал на популарниот македонски бенд „ДНК“, го загубила животот во страотиот пожар што избувна во дискотека во Кочани.
Трагичната вест ја соопштија и од факултетот каде Сара работела како професор:
- Со длабока тага и неверување ве известуваме дека нашата колешка, проф. Д-р Сара Пројковска, го загуби животот во невидена трагедија во Кочани. Нашата Сара, полна со љубов, живот и музика, лавица и добра девојка... - стои во објавата на социјалните мрежи.
Колегите и пријателите се простија од неа со емотивни пораки и изрази на сочувство до нејзиното семејство.
Андреј , еден од членовите на дуото ДНК им подлегна на повредите од пожар во Кочани.
Тој се вратил во клубот за да ги спаси децата.
Според очевидци, Андреј последен пат бил виден како по втор пат се враќа во дискотеката за да спасува деца по катастрофалниот пожар кој брзо се проширил за неколку минути.
Пронајдени се безживотни тела на тројца членови на бендот ДНК
Првата страшна вест за смртта на тапанарот на бендот, Ѓоргија Георгиев, ја соопшти градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
Во пожар во Кочани загина музичарот Филип Стевановски од Куманово, член на бендот „ДНК“.
Стевановски бил продуцент, пијанист, тромбонист и композитор, магистер по џез студии, а бил вработен како професор во Државниот музички училишен центар (ДМУЦ) „Сергеј Михаилов“ - Штип.
Меѓу жртвите во дискотеката во Кочани е и официјалниот фотограф на бендот, Александар Ефремов.
Ефремов ги придружуваше Андреј и Панчо на речиси сите нивни настапи низ земјава.
Да потсетиме, најмалку 59 лица загинаа во пожар што избувна ноќта меѓу саботата и неделата во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Најмладата жртва имала само 14 години.
Најмалку 150 лица се повредени и пренесени во болниците во Кочани, Штип и Скопје. Во моментот на пожарот настапувал бендот ДНК, а неговите членови исто така биле повредени и пренесени во болници.
Во моментот на пожарот во дискотеката имало најмалку 1.500 луѓе. Снимките кои кружат на интернет покажуваат дека гостите во диско се забавуваат, додека прскалките се активираат во близина на сцената. Во еден момент прскалките удриле во таванот и моментот бил фатен кога таванот почнал да гори. Гостите во паника се обиделе да го изгаснат пожарот кој со молскавична брзина почнал да го голта покривот.
На местото на настанот пристигнале екипи на пожарникарската, полицијата и брзата помош. Очевидци велат дека сцените биле крајно шокантни. Голем дел од повредените со хеликоптер се префрлени во Скопје, каде лекарите се борат за нивниот живот. Најмалку 15 лица се во критична состојба.
По трагедијата во Кочани, се прогласени седум дена на жалост.
Зад себе ја остави сопругата Наталија и ќерката Јана: Немој да ме жалите ако утре ме нема - пееше Андреј