Македонка Икономова Давчева за ракот на дојка: 15 години се борев да станам мајка - ако ја плаќам цената, повторно би го избрала истиот пат

Добивај вести на Viber

Животот те става на тест, без разлика колку години имаш. Го поминуваш на полесен начин или со тешка борба. Само најхрабрите успеваат да се издигнат, да застанат на свои нозе и да продолжат. Една од нив е Македонска Икономова Давчева (57). На 22 годишна возраст ја почнала својата борба да стане мајка. Скопските клиники ѝ биле втор дом. На прагот на петтата деценија се соочила со канцер на дојка. Станала пациент на онкологија.

- Како и секој брачен пар, така и ние посакувавме еден бебуш.Но, некогаш не е сѐ така бело и уште многу млада почнав да бидам редовен посетител на скопските клиники. Чинам младоста ми помина таму. Тие ми беа мојот втор дом. Поминаа години. Премногу хормони во моето младо тело, но желбата за да имам душа од душата моја, беше поголема од ризикот во кој свесно влегов. Една од нус појавите на  лекот што го примав, беше ризикот да добијам рак. Но, тоа не ме спречи да лежам пет месеци на ГАК. Желбата и љубовте беа над сѐ. Но, како велат: не е кога ние сакаме, туку кога „оној од горе ќе каже". А имав само 22 години– ја почнува својата животна приказна Македонка, која во 1989 година си ветила дека ќе проба сѐ, за да биде мирна пред својата совест.

- Решивме да посвоиме дете. Да усреќиме една душа. Дојде денот Д. Ми кажаа биди спремна за три месеци ќе го добиеш детето. Беше девојче. Но, некој го посвоил пред нас. „Не, било за нас.„ - си реков.Поминаа години. Добив понуда - спремна ли си да платиш за дете. Одбив. Реков:„Што е мое, тоа ќе биде,ќе дојде,тој од горе има план за нас.“Еден месец пред Нова година, се роди нова надеж. Нѐ известија дека конечно ќе посвоиме дете. На радоста ѝ немаше крај. Почнавме со подготовки. Полот не го знаевмеИ пак туш. Го зеде некој друг. Судбина. Така требало да биде. Си реков: „што е мое, ќе си дојде.“ Помина Новата 2001 година. Не се чувствував добро. Имав  вртоглавици,панични напади,некој страв што не можев да си го објаснам. Во февруари 2002 по „наредба" на мојата снаа направив тест за бременост. Беше позитивен. Ѝ реков на сестрата: „ Ова не е мој тест, ова е невозможно, пројдоа 15 години“. Следниот  ден бев на гинеколог. Ми соопшти дека малото чудо во мене веќе има три месеци. Каков шок, каква радост. – открива таа.

Ништо не е случајно. Доволно е да ги препознаеме знаците, искрите, кои можат да наговестат среќа, радост и ново поглавје во животот.

-Беше топла летна вечер, се шетавме со сопругот низ град. Бев во деветтиот месец од бременоста. Одеднаш, едно убаво слатко девојче со руси локнички се затрча кон мене. Отсекогаш сум си замислувала дека ќе имам токму такво девојче. Го прегрнав силно. Мајка ѝ, која исто така беше бремена ѝ рече да внимава да не го удри бебето во мојот стомак. Ја погалив по косичката и заминаа. Мојот сопругме погледна и во тој миг ми рече: „Ова е девојчето што требаше да го посвоиме.“ Нејзината мајка роди девојче, исто како мене. И баш на Голема Богородица. Некој од „горе" имал план за мене– појаснува Икономова Давчева.

По десет години следува ново искушение и голема борба. Се соочува со дијагнозата – канцер на дојка.

- Една моја блиска докторка ми рече: Свесна си дека ја плаќаш цената на лекувањето?Да, одговорив. Би ја платила пак, ако цехот е мојата убавица. Кога ми кажаа дека имам канцер, верувајте, сѐ се сруши во еден миг. Не постои ниту еден човек на земјава кому ќе му биде баш сеедно. Тоа е тежок пат. Трнлив. Послан со бодликава жица, која силно ми ја параше душата. Минував сама низ ходниците на онкологија. Лежев сама на креветот во дневната болница. Ги гледав сите тие луѓе. Бевме многу, а бевме сами. Секој во својот свет и со своите мисли.Црвената течност ги пробиваше сите клетки во моето тело. Некој рече: „Јас не бев сама, сопругот, сестрата беа со мене“. Не девојки, бевме сами. Оти никој не може да те разбере така како што може тој, кој го поминува истиот твој пат. Кога ќе кажеш декаболи, таа иста болка ја имам и јас“. Сакав да дадам мал дел од себе и да помогнам колку што можам. Ја оформив групата „Љубов сме“, со цел да се дружиме, да се смееме, да споделуваме искуства, да плачеме. – вели таа и појаснува дека е составена од храбри жени и мажи, кои секојдневно се во битка со состојбата во која се наоѓаат.

- Се соочуваме и со низа други проблем,и кои ни ги носи болеста. Скапи лекови, храна, козметика, градници...Неможност да оствариш пензија, плаќаш превоз за да стасаш на хемотерапија или на зрачење. Имаш ли, не прашува никој. Се земаат кредити, се позајмува од пријатели, роднини. Страда цело семејство. Затоа оваа група е заедничка и е со цел да се избориме за правата, кои жените во другите европски земји ги имаат- вели Икономова и додава:

Нема патека на движење, немаш одговори на милион прашања кои постојано во тие моменти поминуваат низ глава. Патот те води на Клиниката за онкологија и имаш состојба која е хаотична. Гужвата таму е секојдневие, а еден доктор во просек има и по стотина пациенти, некои од нив чекаат по 4,5 часа, има млада девојка до тебе која нема пари да си купи градник, па кажува дека зема од пазарче којшто го крпи за да вметне протезата. А, перика за жал до ден денеска ја немаме!!! Не би била јас Македонка, доколку не го кренам гласот и не кажам јавно за проблемите со кои како пациенти се соочуваме! Па, така убаво прстот го вперив во тогашните министер за здравство и министерката за труд и социјална политика. По моите објави, веќе следниот ден бев повикана во нејзиниот кабинет, кадешто дојде министерот Д-р Венко Филипче! Проблемите ги поставивме на масата, за дел од нив пронајдовме решение. 

Тој ни подаде рака заеднички да ги менуваме состојбите во македонското здравство на подобро. Во неговиот мандат за првпат пациентките оперирани од карцином на дојка добија ортопедски градник за силиконска дојка. Покрај најсовремената биолошка терапија од која многу пациентки изминативе години го победија карциномот, за првпат беше воведена и услугата бесплатна психолошка поддршка за онколошките пациенти при лекувањето! Во текот на целата пандемија непречено се спроведуваа мамографските скрининзи, а над 30 нови молекули кои не се на позитивната листа на лекови станаа достапни и бесплатни за пациентите на кои им е неопходен третман, за пациентите со тешки хронички и онколошки заболувања!

Додека ја извршуваше функцијата министер, Венко беше достапен и спремен да помогне на секого, и за тоа сме му бескрајно благодарни! Прв доаѓаше, а последен си одеше во Министерство и секогаш можевме да тропнеме во неговиот кабинет било кое време, без претходно да се најавиме. Достапен беше за комуникација во секое време, ни враќаше на пораки во 6 часот наутро, преку ден кога е со милион обврски, но и навечер во 11 часот кога е итно. Па најчесто си го поставувавме прашањето „кога човеков спие и одмара!?“. И кога беше најтешко тој не се откажа, знаеше да каже по некоја смешка којашто ќе не отргне од секојдневните мисли. Венко е човекот со прекрасна насмевка зад која се крие личност со добро срце. Кога беше напаѓан и критикуван, се вложуваше уште повеќе во работата, и на секоја критика враќаше со добрина!

Соња Алексоска Неделковска