МАКЕДОНКА ОД АВСТРАЛИЈА: Болна е сликата на изгорени домови, секој човечки живот е важен

Иако сме далеку, живееме на Филип Исланд, воздухот мириса на пожарите, а пред два дена имаше и магла, вели Оливера Најдовска, Македонка која живее во Викторија, Австралија.

Сите се потресени од пожарите во кои изгореа домови,  шуми и огромен број животни. Неизвесно е што ќе се случува во наредните денови, а многу граѓани за празниците беа принудени да ги напуштат домовите.

„Пожарите во Викторија, Австралија, оваа година зедоа силен замав и опустошија повеќе од 10.7 милиони хектари земја, површина што е повеќе од Португалија или Јужна Кореја како што пишуваат некои портали. Досега во Викторија загинати се 3 лица од вкупно 27 во цела Австралија. Уништени се повеќе од 200 домови, а повеќе од 2.000 пожарникари и волонтери се борат со огновите. Моментално владеат преку 39 пожари во североисточниот и источниот дел од Викторија и граѓаните од овие краишта беа приморани да ги напуштат своите домови и да го спасат својот живот.“

Целата приказна на Фактор.мк