Македонската риалити ѕвезда Елеонора Миљковиќ ги собра најверните другарки на моминска вечер: Наскоро ќе биде невеста

Добивај вести на Viber

По романтичното запросување и веридбата, ред дојде и на моминската вечер за македонската риалити ѕвезда и топ модел Елеонора Миљковиќ .

На забава со најблиските другарки под мотото „Bride to be“, Нора славеше во позната скопска кафеана до доцните часови.


Згодна и сексипилна како и секогаш, атрактивната Елеонора на својата моминска вечер беше дама во црвено.


Тесниот долг црвен фустан со гол грб го истакнуваше нејзиното извајано тело.


За потсетување, Миљковиќ, која учествуваше во риалити шоуто „Задруга 2“ во јуни годинава му кажа „да“ на своето момче Чедо, со кого е во неколкугодишна врска.


Фото : Инстаграм

Романтично запросување и преубав прстен: Македонската риалити ѕвезда Елеонора Миљковиќ кажа „да“ (ФОТО)