Манипулатори го злоупотребуваат медот на Атиџе: “МЕДОТ ОД АТИЏЕ е само оној мед кој сте го купиле лично од неа“

Водителката Сузана Турунџиева и Атиџе од Медена земја се добри пријателки. Секогаш заедно. Сузе сега излезе со статус во одбрана на другарката, а еве што напиша:

"Поради се поприсутна злоупотреба на името МЕДЕНА ЗЕМЈА, (МЕДЕНА ПЛАНИНА) "МЕДОТ НА АТИЦЕ" повторно и оваа сезона сакам да ве потсетам дека на пазарот секојдневно се појавуваат многу манипулатори кои го злоупотребуваат нејзиното име и продаваат мед од непознато потекло и квалитет.

Напоменувам: Атиџе нема голема количина на мед, нема етикети и сама, со божја помош го продава она што го има. МЕДОТ ОД АТИЏЕ е само оној мед кој сте го купиле лично од неа, или јас сум ви помогнала да го набавите.

Се друго е само мед со непознат квалитет"