Марина има 27 години, Грета само 23: Овие дами гордо ги покажуваат белите влакна

Добивај вести на Viber

Побелувањето е нормален животен процес, но на повеќето жени не им се допаѓа. Сепак, има и такви кои одлучија косата да им расте природно и докажаа дека „проблемот“ не е во годините, туку во начинот на кој се гледаме себе си и во самопочитувањето. Овие помлади и повозрасни жени престанаа да ја бојадисуваат косата, а откако се прифатија такви какви што навистина се, една работа им е заедничка - сите велат дека повеќе си се допаѓаат сега, отколку порано.

Минди (38)

Белата коса за мене значи прифаќање на процесот на стареење. Тоа не е за секого, што е во ред. Имам доста бели влакна и сакав да видам што ќе се случи ако престанам да се обидувам да ги сокријам и наместо тоа се обидам да употребам растителни производи кои бојата уште повеќе ќе ја истакнат. Тоа се случи пред речиси две години. Косата никогаш не ми била поубава, а самодовербата никогаш посилна.

Бет (51)

Косата ја бојадисував уште на 16 години, да се забавувам и да го добијам оној „драма ефект“. Кога почна да ми побелува, бојадисувањето престана да биде забавно и почнав да се чувствувам како нешто да кријам, нешто поради кое би требала да се срамам.

Пред пет години одлучив да престанам со бојадисување. За краток период мојата коса стана баш онаква каква што со години се обидував да ми биде - динамична, едноставна и жива.  

Џулијана (33)

Минатата година се омажив, а многумина ми зборуваа дека мора да ја бојадисам косата за венчавката. „Ќе жалиш, ќе изгледаш постаро!“, ми велеа, но јас едноставно не сакав да си дозволам на еден од најубавите моменти во мојот живот да бидам она што не сум.

Марина (27)

Ми текнува дека бев седмо одделение кога за време на училишниот одмор најдобрата другарка примети дека ми се појавиле бели влакна. Денес имам 27 години и главата ми е полна со нив, но едноставно уживам во својата приородна убавина.

Ен (34)

Моето прво бојадисување беше многу одамна и веднаш зажалив што се одлучив на таков чекор. Како да го избришав својот идентитет. Се’ уште учам како да се носам со новата текстура, но сакам да се гледам ваква во огледало.

Грета (23)

Оваа коса е моја. Беше тешко да ја прифатам кога имав само 13 години, но сега на 23 ја обожавам.

Аманда (29)

Уникатноста е подарок, а јас мојот го наследив од покојниот татко. Требаше многу трпение за да си ја засакам косата, но вредеше чекањето. Со моите 29 години сум среќна што можам да бидам пример дека недостигот на пигментација не ја одредува возраста, ниту ништо друго.

Лори (46)

Успеав да ѝ покажам на мојата ќерка тинејџерка и на нејзините пријателки дека жените можат да стареат грациозно. Вистинската убавина е во можноста да ја прифатиме и да ја празнуваме својата уникатност.